Почетна
  страницаРадио
  Ватикан
photo  

Категории


  Љубов и
   солидарност



  Црква


  Култура
   и општество



  Ватикански
   документи



  Синод


  Екуменизам


  Семејство


  Млади


  Правда и мир


  Политика


  Религија и диалог


  Наука и етика


  Аудиенции и Ангел
   Господов



  Апостолски
   патувања



cx_t16



 Почетна страница > Аудиенции и Ангел Господов > Вести


03/11/2009 15.42.52



Папата на Агеловиот поздрав: Светците не повикуваат да го следиме Исуса со радост и без комплекси






Празникот Сите Светци не поканува „со радост да ги следиме стапките на Исуса“, „без комплекси или просечност“, „понизно усовршувајќи ја љубовта“ и „одбивајќи се што не е достојно за нашиот христијански живот“: е она што Папата го изјави на 1 ноември, за време на Ангеловиот Поздрав. Околу 40 000 поклоненици од целиот свет беа собрани на Плоштадот Св. Петар. Папата сепак повика поменот за починатите верници да се живее со вистински христијански дух, кој што се прослави вчера, на 2 ноември, во сознание дека „во гробовите се наоѓаат само смртните останки од нашите најмили починати, кои се во исчекување на последното воскресение“.На крај потсети и за десетгодишнината на Католичко-Лутеранската заедничка Декларација околу Учењето за оправдување, камен темелник од екуменското движење.


„Не плашете се да бидете светци! Тоа е најдобрата услуга која можете да ја дадете на вашите браќа“: ова беше повикот од Папата на празникот на Сите Светци кој „ја повикува Црквата овде на земјата која е на пат кон вечноста да го предвкуси празникот, од небесната Заедница, која нема крај, и повторно да заживее надежта за вечниот живот“:


Во оваа година посветена на Свештениците, со посебна почит сакам да се потсетам на светите свештеници, како на оние кои Црквата ги канонизира, претставувајќи ги како пример на духовните и пастирските доблести; така и на оние – многу побројни – кои се познати само на Господа. Секој од нас да го зачува благодарниот спомен на некој од нив, кои ни помогнаа да растеме во верата и придонесоа да ја почувствуваме добрината и близината на Бога“.


Бенедикт ХVІ потоа повика да се живее Комеморацијата на сите души починати „во вистински христијански дух, односно во светлина која доаќа од велигденската Тајна. Христос умре и воскресна и ни го отвори преминот до куќата на Бог-Отецот, Царството на животот и мирот. Оние кои го следаат Исуса во овој живот ќе бидаат примени таму од каде Тој дојде при нас“:


„Додека ги посетуваме гробиштата, да се потсетуваме дека таму, во гробниците, лежат смртните останки ид нашите најблиски кои го исчекуваат последното воскресение. Нивните души – како што вели Светото Писмо веќе ’се во рацете Божји’. Затоа, да ги почитуваме на посоодветен и поефикасен начин е молејќи се за нив, нудејќи акти на вера надеж и љубов. Со причесна жртва можеме да интервенираме за нивното вечно спасение, и да ја искусиме подлабоката заедница, чекајќи да се најдеме заедно, та засекогаш да уживаме во Љубовта која не створила и не откупила“. 

Папата истакна дека „заедницата на светците е убава и пријатна“, реалност која дава поинаква димензија на целиот наш живот“:


„Никогаш не сме сами! Дел сме од една духовна „дружба“ во која царува голема солидарност: доброто од секој е во полза на сите, и обратно, заедничката радост зрачи врз сите поединци. Тоа е мистерија која, до одреден степен, можеме веќе да ја искусиме во овој свет, во фамилијата, во пријателството, особено во духовната заедница на Црквата. Света Богородица ќе ни помогне побрзо да напредуваме на патот кон светоста, бидејќи таа е Мајка на милосрдието за душите на мртвите“. 

После Ангеловиот Поздрав, Папата потсети за десетгодишнината од потпишувањето на заедничката католичко-лутеранска Декларација за Доктрината на Оправдувањето, потпишана во Аугсбург, Германија, на која во 2006 се приклучи и Светскиот методистички совет. Еден настан што Јован Павле ІІ го нарече „ пресвртница на тешкиот пат околу реконструкцијата за потполно единство меѓу христијаните“, покажува – откри Бенедикт ХVІ – „еден конзус помеѓу лутеранците и католиците околу основните вистини од Доктрината за Оправдување, вистини кои не доведуваат до срцето на Евангелието и на суштинските прашања од нашиот живот“:

„Прифатени сме и откупени од Бога; нашето постоење е дел од хоризонтот на благодат, предводен од милосрдниот Бог, кој го опростува нашиот грев и не повикува на нов живот по стапките на Неговиот Син; живееме од Божјата благодат и повикани сме да одговориме на Неговиот дар; сето тоа не ослободува од стравот и ни дава надеж и храброст во еден свет полн со неизвесност, страв, страдање… Искрено се надевам дека овој значаен јубилеј ќе помогне во напредувањето на патот кон целосно и видливо единство на сите Христови ученици“. 

На самата крај, Папата го упати својот срдечен поздрав до учесниците на „Трката на Светците“, иницијатива „која ги комбинира спортот и хуманитарната помош“, и до верните собрании во Падерно Дуњано, близу Милано, кои го привршуваат поклоничкото движење на статуата на „Мадона од Фатима“, во педесет годишнината од осветувањето на Италија на Непорочното Срце на Мрија.


  « Назад на насловна

 




16/11/2009 12.06.22
Бенедикт 16-ти и српскиот претседател Борис Тадиќ: Србија кон целосна интеграција во Европската Унија


05/11/2009 16.27.51
Папата на генералната аудиенција: Теолошките дискусии се потребни и корисни но нивната цел е да ја доведат вистината во љубовта до триумф


26/10/2009 14.04.01
Папата Бенедикт XVI: касни стремежот за христианските вредности, што се темел на Европа, често загушени од од поединични групи на лиѓе, индивидуализамот и утилитаризмот


24/09/2009 11.05.41
Заедничка аудиенција во среда


17/09/2009 14.52.18
Заедничка аудиенција во среда



Заеднички категории


Претходна
  страница  Претходна страница
Почетна
  страница  Почетна страница
Адреса
  на
  редакцијата  Адреса на редакцијата
top
top
All the contents on this site are copyrighted ©. Webmaster / Credits / Legal Conditions
top
top